Тажна вест вечерва соопшти градоначалникот на скопската општина Гази Баба.
Бобан Стефковски со трогателна посвета се прости од познат скопски бизнисмен.
„Си замина Боби Ле Петит.. Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа.. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор.

Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба.. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ за кои нема зборови за утеха. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби! Збогум пријателе..“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.

