Миро Кацаров отсави зад себе година која засекогаш му го промени животот.
Познатиот телевизиски водител пред неполни два месеца стана татко.
„Господ ми даде сè во 2025, на мене е да враќам со добрина во 2026“, напиша тој под колажот фотографии на кои конечно го покажа и синот Тадеј.
Кацаров претходно отворено зборуваше за најтешката битка со која се соочил додека живеел и работел во Дубаи.
„Се разболев од анксиозност. Имав панични напади. Затоа се вратив“, кажа Кацаров во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров.
Македонскиот водител сега конечно е среќен на сите полиња.
Сопругата Ивана која е поранешната одбојкарка ја запроси на романтично патување во Рим, а подоцна во родниот Штип направи голема свадба на која присуствуваа и познати личности од естрадата.

