Александра Јовановска минатата година го доби најубавиот подарок.
Познатата македонска новинарка и водителка на МТВ и музичкиот продуцент и диџеј Ангел Здравковски по повеќе од 20 години врска станаа родители.
„Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. Секоја љубов е приказна за себе. За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот. Ние секој ден посветуваме многу грижа и внимание еден на друг. Нашата поединечна среќа, а со тоа и заедничката, е главен приоритет“, раскажа Јовановска во едно интервју.
Таа на новогодишната ноќ конечно објави и прва фотографија со синот Лука.

„Влегуваме во 2026-та побогати за еден цел свет“, напиша под сликата.

