Константин Тино Кајшаров беше познат македонски пејач и композитор.
Имаше неколку забележителни фестивалски настапи, а потоа преку ноќ исчезна од домашната естрада.
Кајшаров се’ уште интерпретира, но веќе подолго време се декларира и како исцелител.
На неговата официјална интернет-страница пишува дека е магистер по кинезитерапија, магистер по клиничка и советодавна психологија, терапевт и едукатор, епископ, пастор и автор на повеќе од 40 книги.
Активен е на социјалните мрежи, а во продолжение ви ја пренесуваме неговата последна објава.
„Палтото не ми е 1000 евра, но сум покриен со плаштот на праведноста.
Скапи шапки немам, но Бог ми спремил круна на животот.
Накитот што го носам не е прескапо злато, но ме краси оклопот на градите од Божјата љубов и вера.
Очила за заштита имам, но и видот и духовното гледање ми се од Бога и гледам кон Христа.
Обувките ги менувам, но стапалата постојано ми се облечени со ревноста да чекорам во животот споделувајќи ја Радосната Вест.
На облеките еден ден ќе им се заборави брендот, ќе се искинат и избледнат, но Божјиот потпис на новото создание кое сум во Христа ќе остане вечно.

Јас сум облечен со најскапите облеки на светот, не губат од мода и не попуштаат, се друго се менува. Затоа и ти пишувам:
Вредноста на облеките, не ја кажуваат скапоценоста на твоето постоење, затоа не прчи се со нив. Биди задоволен што не си гол, а ако веќе имаш од повеќе, подари му на тој што нема. Копнеј по нераспадливите облеки со кои Христос може да те облече“.
*забрането копирање

