Голема тага во ВМРО-ДПМНЕ по прераната смрт на Ѓоргиевски

Жална вест споделија од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

Со голема тага и неверување ја примиле веста за прераната смрт на претседателот на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ресен, Нане Ѓоргиевски.

„Нане Ѓоргиевски беше човек кој целиот свој живот и ангажман го посвети на идејата, на партијата и на татковината. Тој остави длабок и траен белег во функционирањето и развојот на ВМРО-ДПМНЕ, активно учествувајќи во повеќе партиски структури и секогаш ставајќи го општиот интерес пред личниот.

Ќе го паметиме како искрен другар, одговорен соработник и човек со високи морални вредности, кој несебично го пренесуваше своето искуство и визија на помладите генерации. Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите. Нека почива во мир“, пишува во објавата.

Следни Објави

Беше познат македонски пејач, а сега истерува демони и магии

Константин Тино Кајшаров беше познат македонски пејач и композитор. Имаше неколку забележителни фестивалски настапи, а потоа преку ноќ исчезна од домашната естрада. Кајшаров се’ уште интерпретира, но веќе подолго време се декларира и како исцелител. На неговата официјална интернет-страница пишува дека е магистер по кинезитерапија, магистер по клиничка и советодавна психологија, […]