Македонскиот државјанин Стивен Ивановски е меѓу загинатите во Швајцарија, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството.
Ивановски исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во скијачкиот центар Кран-Монтана.
По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.

Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени.

