Тајна болка од детството: Емотивна исповед на Каролина Гочева

Каролина Гочева беше специјална гостинка во жирито во последната епизода на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Во интервју што го даде за „Гранд онлајн“ зборува на повеќе теми од приватниот живот, а меѓудругото и дека е многу емотивна и дека лесно се расплачува.

„Во одредени моменти сум доста силна кога треба да се воздржам, но понекогаш, кога сум опуштена, сакам убаво да се исплачам. Плачам на филмови, но и на реклами, некои божиќни или новогодишни, на пример. Рекламите со Дедо Мраз и осамени луѓе што се појавуваат секоја година секогаш некако ме допираат“, признава нашата пејачка.

Раскажува и дека за разлика од повеќето други деца, таа имала посебна желба поврзана со Дедо Мраз.

„Сите како деца верувавме во Дедо Мраз. Никогаш не сум имала дедо бидејќи починале пред да се родам. Кога бев мала, мечтаев Дедо Мраз да ми биде дедо и тоа често ѝ го кажував на мојата баба“, се присетува Каролина.

Следни Објави

Виктор од Куманово направи хаос во „Никогаш не е доцна“: Вмешана е и Каролина Гочева

Електроинженерот кој сака да се занимава со музика, Виктор Димитриевски (47) од Куманово, ги освои симпатиите на публиката и на жирито по одличниот настап во шоуто „Никогаш не е доцна“, во кое покажа мноштво таленти. Нашата Каролина Гочева како специјална гостинка во жирито имаше чест прва да му се обрати […]