Радосна вест споделија колегите од Телевизија Кочани.
Познатиот македонски фолк-пејач стана татко.
„Денеска во предвечерието на Бадник и Божиќ, семејството на Дуле Иванов Зрновски ги израдува најубавата вест.

На Дуле и Зорица им се родија близначињата Стефан и Ана. Среќата на популарниот пејач и на неговото пошироко семејство е неизмерна. Нека им се живи, здрави и весели!“, пишува во нивната објава.
Зрновски пред пет години донеска крупна животна одлука кога со оперативен зафат одлучи засекогаш да се ослободи од вишокот килограми. Пејачот се одлучи за подврзување на желуднукот, а поради големата килажа што ја имаше во тој момент, докторите го оквалификуваа како ризичен пациент. За среќа, на крај се’ добро се заврши.

