Новото обраќање на македонскиот готвач Никола Мишковски повторно стана вирално.
Познатиот шеф од „Брза кујна“ доби над 5.000 лајкови за она што го напиша на социјалните мрежи.
„Многумина влегоа во мојата кујна како почетници, некои и како ништо. Излегоа со занает, знаење и самодоверба. Тоа е факт! Денес, истите тие луѓе имаат образ да заборават каде биле и да зборуваат лошо за човекот од кого учеле. Тоа не е успех – тоа е неблагодарност. Не сум јас тој што треба да се оправдува. Јас знам што сум дал и до каде сум ве донел. Кој има карактер, ќе го признае тоа. Кој нема, ќе плука по минатото.

Запомнете едно: може да ме надминете, но не можете да избришете дека од мене сте почнале и јас ви го променив животот. Кујната не простува заборав, ниту животот. Кој памети од каде тргнал, оди напред. Кој плука по својот почеток, сам си го затвора патот и ќе остане сам! Кармата е незгодна, кога тогаш ќе ве стигне“, напиша во објавата.

