Виктор од Куманово направи хаос во „Никогаш не е доцна“: Вмешана е и Каролина Гочева

Електроинженерот кој сака да се занимава со музика, Виктор Димитриевски (47) од Куманово, ги освои симпатиите на публиката и на жирито по одличниот настап во шоуто „Никогаш не е доцна“, во кое покажа мноштво таленти.

Нашата Каролина Гочева како специјална гостинка во жирито имаше чест прва да му се обрати на својот сонародник, и тоа на македонски јазик. Истакна дека ги оправдал сите очекувања.

„Навистина имаш самодоверба и ја чувствувам твојата позитивна енергија што ја носиш. Морам да нагласам и дека пееш многу музички точно и ти посакувам среќа и да те гледам и во следниот круг“, рече Каролина.

„Прашав дали има некој Македонец, а исто така ми рекоа дека не си дошол со празни раце. А гледам дека не само што си електроинженер кој се занимава со музика, туку си трчал и маратон. Воопшто не е лесно да трчаш маратон, покрај сè друго што го работиш! Браво!“, ја пофали таа сестраноста на натпреварувачот.

Виктор ја изведе песната Laže mjesec од Харис Џиновиќ и го крена студиото на нозе. Водителката Драгана Катиќ веднаш констатираше дека публиката е освоена.

Следни Објави

Утре е БАДНИК: Жени, никако не правете го ОВА!

Најзначајниот, но и најбогатиот со обичаи празник е токму Бадник. Иако се смета за христијански празник, народот низ минатото, па и денес го прославува на начин кој тешко може да се карактеризира како христијански. Повеќето бадникови и божиќни обичаи се темелат на сознанието дека во овие денови почнува новата година […]