Голем ГРЕВ! Никако не правете го ОВА со бадниковото гранче по Божик

Највеселиот христијански празник секогаш не’ асоцира на бадниково гранче, погача и на топла атмосфера во семејниот дом. Сепак, последните години луѓето имаат една грда навика која стана составен дел од Божиќ, особено во градовите.

Кога ќе помине празникот, често сме сведоци на тажни слики како бадниковите гранчиња стојат фрлени покрај контејнерите и кантите за отпадоци.

Што треба да се направи со бадниковото гранче ако не сме во можност да го запалиме во црква, појаснува наставничката по веронаука Јелена Вујиќ.

– Верувам дека бадниковите гранчиња се расфрлени насекаде не поради мрзеливост, туку поради незнаење. Бадниковото гранче треба да се остави некаде во природа, но само гранките и лисјата, без оние додатоци со кои обично се продава на пазар или во супермаркет. Треба да се знае дека не треба да се остави на бетон, на два чекора од контејнерот, туку на некое дрво, на пример – објаснува таа.

Доколку имате услови за тоа, бадниковото гранче треба да се запали во чиста печка, за да може да се сочува пепелта. Се верува дека огнот во кој гори носи плодност и им помага на сите членови во домот.

Следни Објави

Долго чекаше да стане мајка: Погледнете колку порасна ќерката на македонската пејачка

Брзо лета времето По долги години хармоничен брак со музичарот Митко Бежаноски, на Татијана Стефановска пред четири години конечно ѝ се исполни најголемата желба – да стане мајка. „Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша […]