Брзо лета времето
По долги години хармоничен брак со музичарот Митко Бежаноски, на Татијана Стефановска пред четири години конечно ѝ се исполни најголемата желба – да стане мајка.
„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша тогаш таа на „Фејсбук“.
„Чувството да се биде мајка е најубавото нешто што сум го доживеала. Иако долго го чекав овој момент и многу тешко стигнав до ова, за миг сè се заборави. Сите тешкотии, сите солзи, раскажа македонската пејачка во едно интервју.
Стефановска сега на социјалните мрежи покажа колку пораснала ќерката Ана.


