Последен поздрав
Тажна вест споделија од навивачката група Комити Скопје.
„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека вчера не’ напушти нашиот член Никола Јорданоски – Чичо Коле.
Не постои утеха која што може да ја смири нашата болка што ја чуствуваме во моментов. Чичо Коле ќе биде запаметен по неговата чиста љубов кон Вардар и западната трибина, многуте заеднички приказни на западната трибина и еден од иницијаторите за братството со Војводи“, пишува во објавата.

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

