Многу Македонци прават голема грешка на вториот ден од Божиќ: За да не ве следи лоша среќа, денес не го правете ова

Православниот Божиќ се празнува три дена, а секој од нив има посебно значење. Првиот ден е самиот Божиќ, вториот е посветен на Пресвета Богородица, додека третиот ден се слави Свети Стефан.

Вториот ден од Божиќ, познат и како Божји или Среден ден, верниците ѝ изразуваат благодарност на Богородица затоа што го родила Исус Христос, спасителот на човештвото. Овој празник се смета за најстар меѓу богородичните празници и се нарекува Собор на Пресвета Богородица, бидејќи народот се собира заедно да ја прослави Дева Марија.

Обичаите налагаат овој ден да се помине свечено, во духот на заедништво, солидарност и милосрдие. Традицијата вели дека се посетуваат кумовите, пријателите, роднините и соседите, а куќите се отворени за гости. Постои и обичај младите жени да одат во родителскиот дом, каде што остануваат неколку дена по Божиќ. Но, постојат и работи што никако не треба да се прават – не извршувајте тешки домашни работи, ништо што подразбира земање игла во раце (шиење), не перете алишта, не чистете ја куќата и не пеглајте. Се верува дека на тој начин се брка среќата од домот.

Следни Објави

Сестрата на покојниот Панчо го негува споменот за брата си: Еве како изгледа

Владимир Блажев-Панчо почина на 14 октовмри 2025 година како последица од трагичниот пожар во Кочани на 16 март. Порталот „Еспресо“ сега им откри на читателите како изгледа неговата родена сестра Јадранка Неделковска. На нејзината профилна слика на „Фејсбук“ е испишана трогателна посвета. „Засекогаш твојата дада, и за вечни векови“, пишува […]