Влатко Миладиноски ја заокружи годината на најдобар можен начин.
Тој испиша историја како прв македонски фолк пејач што одржа целовечерен концерт во арената „Борис Трајковски“.
Познатиот интерпретатор, кој важи за еден од најангажираните во моментов на домашната сцена, максимално е посветен и на семејството.
Со сопругата Кристина оваа година слават јубилејни 10 години брак, а плод на нивната љубов се ќерките Илина и Андреа.
Миладиноски ретко објавува фотографии од нив, но сега за Божиќ направи исклучок.

„Среќен празник. Христос се роди,навистина се роди“, напиша тој под семејната слика.

