Фала ти Боже што ме сочува кога мислев дека нема спас: Водителката на „Брза кујна“ си ја отвори душата

Сања Савеска на Божиќ си ја отвори душата.

Водителката на шоуто „Брза кујна“ објави статус кој за еден ден доби неколку стотици лајкови.

„Благодарна сум ти Боже за сѐ што ми даде, како и за сè што тргна од мене, за да ме подготвиш за тоа што следи. Благодарам што ги слушна моите молитви и ме сочува кога мислев дека нема спас. Благодарам за силата што ми ја даваш и што ме учиш на трпение и верба“, напиша таа на социјалните мрежи.

„Благодарна сум за секое ново утро – за гужвата во ходникот кога се пречекувме и испраќаме, за полната трпеза, зафатените столици околу масата и галамата во топлиот дом, за разбирањето и поддршката. Благодарна сум за здравјето, кое често го земаме здраво за готово. Благодарна сум и за лекциите кои ме кршеа, но не ме скршија. За искрените луѓе кои се со мене. Благодарна за овој Божиќ, полн со љубов, топлина и разбирање“, дополни Савеска.

Следни Објави

Ја роди на Божиќ, а сега покажа колку пораснала: Ќерката на Турунџиева наполни 17 години

Матеа, помалата ќерка на Сузана Турунџиева, на Божиќ го прослави 17-тиот роденден. Нејзината славна мајка сподели две фотографии на „Инстагарм стори“, а фановите веднаш забележаа колку пораснала. Турунџиева ја доби Матеа од бракот со познатиот скопски угостител Марјан Јовановиќ кој почина ненадејно во 2016 година. Таа има уште една ќерка, […]