По долго и тешко боледување, денеска во Скопје почина врањанката Адријана Дамнјановиќ – Симеонова.
Се чинеше дека успеала, лекарите ја прогласија за медицински феномен, но сепак рецидивот на болеста не ѝ даде мир.
И покрај неверојатната борба, таа денес почина и зад себе ги остави неутешната ќерка Дарија, сопругот Иван, мајката Љиљана, братот Стефан и многубројните роднини и пријатели, јавува „Блиц“.
Семејството во овие тешки моменти им се заблагодарува на сите кои помогнаа Адријана да се лекува во Атина со најсовремени методи.

Оваа млада жена ги обедини не само жителите на Врање, туку и целиот Балкан во борбата да се соберат средства за нејзиното лекување, а нејзината насмевка беше мотивација за многумина да продолжат со борбата.
Родена е и детството и раната младост ги поминала во Врање. Се омажила и го основала своето семејство во Скопје.

