Тешко дека некој би ги споил заедно: Росана во друштво на познат Македонец

Росана Сариќ-Тодоровска беше една од најпознатите македонски пејачки во 90-тите години.

Со нејзината сестра близначка Маријана Новачевска го снимија евергринот „Признавам“ уште во 1988 година, но нивната доминација на домашната естрада продолжи и во наредната деценија.

Во тој период беше престиж да те има на насловната страница на магазинот „Екран“, а на Росана тоа ѝ успеа повеќе пати.

На социјалните мрежи сега се споделува интересна насловна фотографија од тој период.

Пејачката позира со Кристијан Габровски, во тоа време многу популарниот Ристо Бомбата со неговата „Кучешка тенија“.

„Уникатен спој“, коментираат фановите.

Следни Објави

Денеска во Скопје почина Адријана: Беше мотивација за многумина, сопруга и мајка

По долго и тешко боледување, денеска во Скопје почина врањанката Адријана Дамнјановиќ – Симеонова. Се чинеше дека успеала, лекарите ја прогласија за медицински феномен, но сепак рецидивот на болеста не ѝ даде мир. И покрај неверојатната борба, таа денес почина и зад себе ги остави неутешната ќерка Дарија, сопругот Иван, […]