Тажна вест соопштија од Центар за управување со кризи.
По кратко боледување, вчера на 47-годишна возраст, прерано ги напуштил нивниот драг колега Стојадин Гоговски, раководител на Регионалниот центар за управување со кризи во Крива Паланка.
Колективот на Центарот за управување со кризи изрази длабоко жалење за загубата и упати искрено сочувство до семејството Гоговски.
„Драг Стојадине, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Крива Паланка секогаш кога тоа беше потребно.

Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста“, пишува во објавата.

