„Сабајлево престана да чука срцето на мајка ми“: Македонскиот музичар соопшти тажна вест

Петар Георгиевски-Камиказа соопшти на социјалните мрежи дека починала неговата мајка.

Фронтменот на групата „Меморија“ со трогателна посвета се прости од неа.

„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов. Од раѓaњeтo до денес, беше мојата најголема поткрепа во се’. До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине.

Почивај во мир мој ангелу. Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив. Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке“, напиша Георгиевски.

Следни Објави

Ненадејно почина Александар: Се огласија од МРТ, остави сопруга и три деца

Ненадејно, на 48-годишна возраст, почина Александар Мижимаков, долгогодишен снимател на МРТ, информира националниот сервис. За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма. Мижимаков студираше филмска камера во Софија и работеше на неколку надворешни проекти надвор од МРТ. Зад себе остави […]