Македонската пејачка Ивона Јовановиќ со видео во кое го покажува свршеничкиот прстен пријатно ги изненади фановите.
Популарната Ивона Јо на снимката е со извесен Кико Тодоров, се држат за рака, се гушкаат и танцуваат.
„Најлесното ДА“, напиша пејачката под видеото.
Ивона Јо ужива голема популарност на социјалните мрежи. Иако е позната како девојка која отворено зборува на различни животни теми, речиси и да не споделувала информации за емотивниот статус. Се’ досега.

Јовановиќ пред неколку години направи bariatric surgery-кратење на желудник, а подоцна повторно легна под нож за, како што самата напиша, „отстранување на вишок кожа (дермолипектомија) и липосукција 360 степени стомак, грб и раце“.

