Вистината за младиот Македонец кој загина во пожарот: Прво огласување на неговата сестра

Нема утеха за семејството на 16-годишниот македонски државјанин Стивен Ивановски кој загина во пожарот во бар во Швајцарија за време на новогодишниот дочек.

Сега конечно се огласи неговата сестра која раскажува дека во овие најтешки моменти, освен со зборови за утеха, за жал, се соочиле и со болни и погрешни толкувања.

Како што појаснува таа, семејството објавило апел за помош на социјалните мрежи, бидејќи не им биле јасни трошоците за погребот, ниту сите дополнителни, непредвидени трошоци поврзани со правни постапки, документација и други обврски, но се соочиле со осуда, пишува порталот „Викимедиа“.

„Намерата беше единствено да се помогне без никакво наше барање, со сама иницијатива на луѓе кои се дел од семејството кое живее во Македонија, а не да се создаде простор за осуда. Без разлика каде живееме, болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски претпоставки. Таа е иста, длабока и неиздржлива. Ви благодариме на сите што помогнавте, што покажавте сочувство и човечност.

Во овој момент не ни е потребно ништо повеќе од мир, тишина и достоинство, за да му дозволиме на нашиот ангел да замине спокојно. Ве молиме, да не се шират лаги, претпоставки и дезинформации во името на Стивен. Да го оставиме да патува мирно кон небото, таму каде што болка нема“, објави сестрата Саманта во нејзино и во име на нивната мајка Александра.

Следни Објави

Ретко кој знаеше дека има момче, а сега објави дека ќе се мажи: Македонската пејачка ги изненади сите

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ со видео во кое го покажува свршеничкиот прстен пријатно ги изненади фановите. Популарната Ивона Јо на снимката е со извесен Кико Тодоров, се држат за рака, се гушкаат и танцуваат. „Најлесното ДА“, напиша пејачката под видеото. View this post on Instagram A post shared by IVONA JO […]