По семејните расправии, Андријана Алачки проговори за зетот Игор

Андријана Алачки неодамна откри кој е нејзиниот рецепт за исполнет живот во емисијата „Фактор среќа“.

Таа првпат искрено проговори и за партнерите на нејзините деца, зетот Игор Димовски кој се прослави со проектот „Пауза за ракија“ и снаата Емилија која не е јавна личност.

„Главниот фактор за мојата среќа животна се само моите деца и нивните семејства. Оттука е мојот извор за мојата енергија. Гледајќи ги нив, веќе се возрасни, Благоја и Грациела, со свои семејства, со свои деца. Гледајќи ги нив, среќата во мене не се дуплира, туку милион пати се дуплира. Наутро кога ќе станам, додека не ги слушнам сите дека се добри, дека се’ е во ред, мојот ден не може да започне“, раскажува Алачки.

Познатата пејачка и водителка во истата емисија ги спомена и нејзините внуци Јана и Јован и дека секој слободен миг гледа да го помине со нив.

Ова е прва изјава на Алачки за зетот Димовски кој во една прилика преку фејсбук-статус откри дека не е во добри односи со легендарниот музичар Горан Алачки, татко на неговата сопруга.

Следни Објави

Искрена исповед за сопругот: Антониа Гиговска проговори за неверството

Антониа Гиговска проговори за приватниот живот за естрадниот магазин „Бекстејџ“. Познатата пејачка образложи што мисли за флертот и дали истиот го смета за неверство. „Ако помине некоја згодна девојка или згоден маж, со Роберт (нејзиниот сопруг н.з.) приватно знаеме да си прокоментираме дека супер изгледа. Дали сметам дека е неверство? […]