Искрена исповед за сопругот: Антониа Гиговска проговори за неверството

Антониа Гиговска проговори за приватниот живот за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Познатата пејачка образложи што мисли за флертот и дали истиот го смета за неверство.

„Ако помине некоја згодна девојка или згоден маж, со Роберт (нејзиниот сопруг н.з.) приватно знаеме да си прокоментираме дека супер изгледа. Дали сметам дека е неверство? Можеби не, меѓутоа не е убав момент, ни од машка ни од женска страна, но не е забрането ако некој помине, дечко или девојка, и е убав или згоден или згодна“, објаснува таа.

Младата поп-ѕвезда која се прослави во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ е во брак со музичарот Роберт Спасенцовски со кого го има синот Киан.

Следни Објави

Познати Македонци се простуваат од Кристијан кој денеска трагично го загуби животот

Тажна вест вечерва доаѓа од Охрид. Тамошните медиуми информираат за трагичен настан што се случил денеска во станбена зграда во изградба. Загинал 28-годишниот Кристијан Љушев. Станува збор за познат снимател, фотограф и продуцент. Освен на реклами и документарни филмови, неговиот потпис стои и на повеќе музички спотови. Меѓу другите, соработуваше […]