Тажна вест вечерва доаѓа од Охрид.
Тамошните медиуми информираат за трагичен настан што се случил денеска во станбена зграда во изградба.
Загинал 28-годишниот Кристијан Љушев.
Станува збор за познат снимател, фотограф и продуцент.
Освен на реклами и документарни филмови, неговиот потпис стои и на повеќе музички спотови.
Меѓу другите, соработуваше и со Александар Јосифоски кој се прослави во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Јосифовски се прости од него со трогателна посвета.
Охриѓани имаат само пофални зборови за младото момче кое трагично го загуби животот. Велат дека бил исклучителна личност, секогаш позитивен и насмеан.

