Штипската јавност денеска е завиена во тага.
Почина Дејан Илиевски-Буцо, младиот човек за кого изминатиот период се собираа донации со надеж дека ќе му се спаси животот.
Илиевски се наоѓаше во тешка здравствена состојба и беше на респираторна поддршка, а бројни хумани граѓани од Штип и од целата држава се вклучија во апелите за помош, покажувајќи голема човечност и солидарност, јавува порталот „Мнет“.
За жал, и покрај сите напори на медицинскиот персонал и поддршката од јавноста, битката за неговиот живот беше загубена.

