Дарко Гелев-Брејк после подолго време даде интервју во кое првпат искрено проговори за сите предизвици со кои се соочил низ годините.
Популарниот пејач, познат по хитовите „Во бестрага“ и „Долго чекав“, беше гостин во последната епизода на телевизискиот магазин „Животна приказна“ каде, меѓу другото, си ја отвори душата за првиот брак, за смртта на неговите најблиски, но и за неговите деца.
Едвај ги задржа солзите кога раскажа за загубата на неговата прва братучетка Нина со која пораснал, а која многу млада загина во сообраќајна несреќа. Раскажа и за загубата на татко му кој пред десет години починал ненадејно во ресторан додека пиел кафе со пријателите.
„Ужасно беше, за мене тоа беше голем шок. Немав ни солзи да заплачам. Не можев долго време да спијам. Но, едноставно се учиш да живееш со болката“, раскажа Брејк.
Откри и дека редовно одел на психијатар, особено во периодот кога се развел со првата сопруга, како што кажа, поради пристапот кон синот кој тогаш имал девет години.
Освен синот Марко (26) од првиот брак, Брејк има уште две деца со сегашната сопруга, поранешната македонска мисица Драгана Клопчевска. Плод на нивната љубов се синот Давид (12) и ќерката Деа (6).

