По тешката дијагноза, Турунџиева со порака што никого не остава рамнодушен

Сузана Турунџиева пред неколку месеци призна дека добила шанса за нов живот откако минатата година ѝ била откриена сериозна дијагноза.

Познатата пејачка, водителка и писателка во таа прилика кажа дека иако судбината честопати ѝ делела лоши карти, научила како да одигра добро и разумно.

„Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво. Во изминативе месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш било што те јаде! Па, така, со силна верба во Бога и се разбира со верба во медицината имам привилегија да живеам нов живот, во кој на првото место сум јас, па сѐ друго“, раскажа таа.

По тешката дијагноза со која се избори, Турунџиева сега сподели нова порака на социјалните мрежи која никого не остава рамнодушен.

-Моќта на Универзумот продира низ нас. Ние проектираме и привлекуваме енергија. Квалитетот на енергијата која ја привлекуваме се заснова на квалитетот на енергијата која ја испуштаме. Како што радио станицата емитува сигнал на одредени фреквенции за да воспостави сигнал, така НИЕ мораме да го подесиме апаратот на таа иста фреквенција, иначе нема да ја најдеме саканата станица.

Ние сме радио апаратот! Затоа, за да ги привлечеме настаните кои ги посакуваме, нашето делување мора да се заснова на искрено самовреднување и почит спрема себе и сопствениот живот. Ние мораме да створиме длабоко уверување дека тоа што го сакаме, тоа и вистински го заслужуваме! Во спротивно “радио апаратот” не успева да ја пронајде саканата “станица”-напиша таа.

Следни Објави

Искрено интервју: Брејк си ја отвори душата за првиот брак и за загубата на своите најблиски

Дарко Гелев-Брејк после подолго време даде интервју во кое првпат искрено проговори за сите предизвици со кои се соочил низ годините. Популарниот пејач, познат по хитовите „Во бестрага“ и „Долго чекав“, беше гостин во последната епизода на телевизискиот магазин „Животна приказна“ каде, меѓу другото, си ја отвори душата за првиот […]