Јордан Митев му се заблагодари на Бога, а потоа сподели нешто многу лично

Јордан Митев сподели сцена од секојдневниот живот што ги разнежни неговите фанови.

Популарнуот македонски пејач со последната објава на социјалните мрежи никого не остави рамнодушен.

Митев ја сними ќерката Кристина во друштво на нејзината баба како месат погача во кујната.

„Вредности кои што се непроценливи. Фала му на Бога што можеме да ги доживееме. Кога темелот е добро и цврсто поставен тогаш градбата е отпорна на земјотреси“, напиша пејачот под сликата.

„Баба ја буди желбата кај внуката, браво“, беше еден од посимпатичните коментари напишани од фановите.

Минатата година на Крстовден на Митев му се роди и син.

Следни Објави

Цело време сме грешеле со украсните кеси: Не се бламирајте веќе, видете како правилно се пакува подарок

Намената им е пригодниот подарок да го направат погламурозен. Украсните кеси ги користиме постојано, но изгледа дека малкумина знаат правилно да ги употребат. Ксенија Сен со своите следбеници на Тик Ток сподели еден едноставен трик, за кој ви е потребна една украсна кеса, една минута време, а во видеото ветува […]