„О доме мој“, „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, како и нумерата „Македонија името не го менува“ што ја сними во дует Петранка Костадинова се само дел од неговите хитови.
Ги има добиено наградите за животно дело на Фолк Фест Роса во 2014 година и на Гоце Фест во 2020 година, а постхумно му беше доделена наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово во 2023 година.
Ѓоко Дончев, еден од доајените на македонската народна песна, почина ненадејно на 71. година на денешен ден во 2021.
Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар човек.

„Живееше со полни гради и го сакаше животот. Никогаш нема да заборавиме на енергијата, која значеше животворност и секогаш на него ќе се присетуваме, со радост. Неговиот пример, ќе биде поттик за сите нас. Нека му е вечна слава“, напиша поранешниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов, дента кога почина Дончев.

