Цело време сме грешеле со украсните кеси: Не се бламирајте веќе, видете како правилно се пакува подарок

Намената им е пригодниот подарок да го направат погламурозен. Украсните кеси ги користиме постојано, но изгледа дека малкумина знаат правилно да ги употребат.

Ксенија Сен со своите следбеници на Тик Ток сподели еден едноставен трик, за кој ви е потребна една украсна кеса, една минута време, а во видеото ветува и дека лицето кое ќе го добие подарокот ќе биде многу изненадено.

„Земете го крајот на секоја лента на кесата и провлечете го низ дупката на спротивната страна, како што можете да видите во видеото. Кога ќе го направите тоа, само треба да ги повлечете лентите од двете страни за да ја затворите кесата“, вели Ксенија додека во видеото го демонстрира својот трик.

Нејзините ленти имаа ограничувачи на краевите, па затоа целиот процес е поедноставен и побрз.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, со повеќе од 700.000 прегледи. Многумина ѝ се заблагодарија, бидејќи никогаш не им паднало на памет дека можат да направат нешто такво, а некои дури и на шега рекоа дека на Тик Ток можат да научат повеќе отколку на училиште.

Има и такви кои во коментарите се изненадени како луѓето сè уште не слушнале за ова.

Следни Објави

Малкумина знаат како замина: На денешен ден замолкна златното грло на македонската песна

„О доме мој“, „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, како и нумерата „Македонија името не го менува“ што ја сними во дует Петранка Костадинова се само дел од неговите хитови. Ги има добиено наградите за животно дело на Фолк Фест Роса во 2014 година и на Гоце Фест во 2020 година, а постхумно му […]