Огромна тага! За првпат јавно, Дарио се расплака

Македонскиот кантавтор Дарио Панковски за првпат јавно се расплака.

Тој одржа емотивен говор на денешната комеморација за Драган Б. Костиќ во Младинскиот културен центар.

Познатиот пејач не успеа да ги задржа солзите зборувајќи за легендарниот радио и ТВ водител и диџеј со кого, како што кажа, се и семејно, роднински поврзани.

„Втор пат во животот имам најголема трема. За првпат кога дојде да ме слуша како средношколец со бендот во ‘Никола Карев’ и сега, пак пред него.  Кога стоев кај него во кабина во диско Турист, додека тој пушташе музика и го гледав тој убав свет одзгора, целата скопска шминка, мислев дека сум на врвот на светот. Сега, кога ќе размислам, навистина сум бил на врвот на светот. Безброј заеднички летувања, најубавите сендвичи на неговата Иванка по излегувањата, заеднички изгледани Евровизии. И да не заборавам, тој во диско Турист ме запозна со мојата сопруга Бојана со која сме 40 години заедно. Фала ти Драган“, кажа Дарио, пренесува порталот „СДК.мк“.

На комеморацијата присуствуваше и семејството на Костиќ – сопругата Иванка, ќерката Ели и синот Бане.

Следни Објави

Денот пред Водици е голем и тежок: Еве што да направите

Ден пред големиот христијански празник Богојавление-Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се […]