Струмичанката Тина Русева вечерва триумфира на престижното музичко натпреварување The voice of Europe 2025, информира „Струмица денес“.
Русева го освои првото место оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација.
Во силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, младата пејачка успеа да се истакне и да стигне до самиот врв на натпреварувањето, добивајќи пофалби и од жирито и од публиката.
Овој резултат претставува значаен успех не само за Тина, туку и за цела Македонија.
Честитки! Ѝ посакуваме светска кариера!

