Која е Тина Русева, младата Македонка која ја покори Европа и покажа дека е најдобра

Од синоќа, главна тема во медиумите повторно е Тина Русева.

Таа победи на престижното музичко натпреварување The voice of Europe уште еднаш покажувајќи го сиот свој раскошен талент.

Русева има само 20 години. Родена е и порасната во Струмица, но веќе подолго време живее во Германија. Во едно интервју минатата година откри дека таму завршила општа гимназија и дека планира да се запише на факултет за да студира менаџмент.

За нејзината љубов кон музиката во повеќе наврати раскажа дека пее откако знае за себе. Талентот прво го препознале нејзините дома.

Во својата музичка биографија има запишано два настапа на струмичкиот детски фестивал „Јојо“, но учествувала и на повеќе интернационални натпревари од кои најпознат е славниот „Славјански базар“ во Белорусија.

Русева работи и на своја авторска музика, а пред да се прослави во шоуто The voice промовираше и нова песна.

Следни Објави

Ништо не е случајно! Еве кога да ја раскитите елката, по овој датум мора да ја тргнете

Многумина ги мачи истото прашање: Кога треба да ја раскитат новогодишната елка? Празниците завршија, ама ако таа се’ уште стои во вашиот дом, тогаш ова е важно да го знаете. Иако традицијата и фенг шуи често се совпаѓаат кога се во прашање новогодишните украси, одговорот на ова прашање не е […]