„Понекогаш не е сигурна кои сме ние..“ Лила проговори за мајка си

Лила Филиповска со емотивна честитка ѝ го честита 81. роденден на мајка си.

Познатата водителка и инфлуенсерка објави трогателна посвета која за кратко време собра илјадници лајкови.

„Водици е голем празник, но за нас најважен.. Денес е родена нашата најсакана мајка. И да, таа е од оние мајки кога ќе го споменеме нејзиното име треба да застанеме. Бескрајно благодарни за сите овие години љубов и поддршка, горди на сѐ што за нас направија со нашиот татко и можноста денес да го прославиме осумдесет и првиот роденден. Понекогаш не е сигурна кои сме ние, но најважно е што ние знаеме која е таа“, напиша домаќинката на телевизиското шоу „Се’ или нешто“.

„Најсреќен роденден мамо, бескрајно те сакаме и да ни живееш уште долго“, е пораката на Лила.

Следни Објави

Прво огласување на блиско лице: Еве каде е судијата Ѓоко Ристов

Случајот со 350.000 евра, заѕидани во ѕид во куќата на родителите на апелациониот судија Ѓоко Ристов, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен со дејствија на корупција и трговија со влијание, ја тресе јавноста. Податокот дека апелациониот судија е на слобода, предизвика низа […]