Марија Груевска остави силен впечаток во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во кое стигна до големото финале.
Откако пред два месеца беше итно оперирана, македонската пејачка одлучи повторно да легне под нож, но овојпат за да направи естетска интервенција.
Таа го коригираше својот нос, а деталниот процес на опоравување по зафатот го прикажа и на социјалните мрежи.
Засега се нема огласено дали имала и здравствени проблеми со дишењето, но нема сомнеж дека трансформацијата е неверојатна.

Бргу по операцијата, Марија им се врати на секојдневните обврски, гордо покажувајќи како изгледа по интервенцијата.


