Случајот со 350.000 евра, заѕидани во ѕид во куќата на родителите на апелациониот судија Ѓоко Ристов, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен со дејствија на корупција и трговија со влијание, ја тресе јавноста.
Податокот дека апелациониот судија е на слобода, предизвика низа на шпекулации околу тоа дали тој евентуално е во бегство, како и низа на новнарски текстови дека никој официјално не кажува каде се наоѓа Ристов.
Од порталот „Викимедиа“ денес разговарале со лице блиско до судијата Ристов, кое, како што е наведено, е во постојан контакт со него. Идентитетот на лицето е познат на нивната редакција, но не го откриваат на негово барање.
-Судијата Ѓоко Ристов е достапен за истражните органи и лага е дека е во бегство. Тој е овде, во Скопје, и нормално дека соработува со органите во интерес на истрагата. Сето ова е хајка и лаги, станува збор за предистрага, а веќе има осуда-вели соговорникот за „Викимедиа“.

