Млад ѝ почина синот единец, никогаш не го прежали: Која е познатата кумановка по која тагува цел Балкан

На 80-годишна возраст почина Благица Бети Ѓорѓевиќ, една од најистакнатите џез и соул интерпретаторки на овие простори.

Иако остана да живее во Белград, таа имаше чести настапи во живо и во родната Македонија.

Пејачката, родена во Куманово, која пошироката публика најмногу ја памти по хитот „Да ја почнеме љубовта од почеток“, беше голема ѕвезда во поранешна Југославија.

Рано се омажи, но рано и се разведе од сопругот Боби Ѓорѓевиќ, исто така музичар. Рано стана и мајка, откако на 20 години го роди Бранислав.

Нејзиниот син единец почина ненадејно на само 47 години, а таа никогаш не го прежали.

„На гробишта сум, каде на друго место да бидам.. Не знам како уште сум жива, како воопшто функционирам. Прифаќам одредени настапи, онака безволно, колку да не сум дома затворена со својата бесконечна тага. Болката по чедото не поминува“, изјави во едно интервју.

Следни Објави

Татјана Лазаревска ги отвори вратите од домот: Нема да верувате што ја чекаше на влезната врата

Познатата македонска фолк-пејачка Татјана Лазаревска го отвори својот дом во Мелбурн, Австралија, за своите следбеници на социјалните мрежи. Откако се врати со сопругот Новица Василевски од последното патување во Америка, Татјана сподели фотографија од нивниот дом во Мелбурн. Вистинско изненадување ја чекаше на влезната врата. „Човек е благословен кога ќе […]