Марина Дојчиновска напиша на „Фејсбук“ дека се чувствува среќно.
Поранешната ТВ-водителка сподели повеќе фотографии на кои е во убаво друштво.
На нив е и нејзиниот долгогодишен партнер, докажаниот музичар Горан Алачки со бебе во рацете.
„Кумови највесели.. на најубав празник ја крстивме Надја! Да е здрава и весела, голема да расте, да се радува со нас, а ние со неа и со сестричката Нина“, напиша Дојчиновска на празникот Богојавление.

Инаку, таа пред неколку години проговори за љубовта со Алачки.
Тогаш кажа дека се сретнале двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје.
Оттогаш се неразделни.

