Македонскиот градоначалник стана татко: Ќерката доби уникатно име со духовно значење

Иван Јорданов по вторпат стана татко.

Радосната вест самиот ја сподели на социјалните мрежи.

„По втор пат станав татко, се роди мојата втора ќерка Иконија. Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка Болница Штип. Слава тебе Господи“, напиша штипскиот градоначалник.

Иконија, инаку име со словенско потекло, има силна духовна симболика. Значењето е „убава како икона“, што му дава посебна нежност и возвишеност. Именденот се празнува на денот кога се чествува воспоставувањето на иконопочитувањето, односно победата на православието над иконоборството, што го прави ова име длабоко вкоренето во христијанската традиција.

Следни Објави

Алачки со бебе во рацете: Марина сподели радосна вест

Марина Дојчиновска напиша на „Фејсбук“ дека се чувствува среќно. Поранешната ТВ-водителка сподели повеќе фотографии на кои е во убаво друштво. На нив е и нејзиниот долгогодишен партнер, докажаниот музичар Горан Алачки со бебе во рацете. „Кумови највесели.. на најубав празник ја крстивме Надја! Да е здрава и весела, голема да […]