Познатата македонска фолк-пејачка Татјана Лазаревска го отвори својот дом во Мелбурн, Австралија, за своите следбеници на социјалните мрежи.
Откако се врати со сопругот Новица Василевски од последното патување во Америка, Татјана сподели фотографија од нивниот дом во Мелбурн.
Вистинско изненадување ја чекаше на влезната врата.
„Човек е благословен кога ќе си дојде дома, а мајчичка со бакнеж и со цвеќе го пречекува. Да си ни жива и здрава Нане наша“, напиша фолк-пејачката на Фејсбук.

Снежана, мајката на Татјана, е дојдена на гости од Скопје. Освен со ќерката и зетот, во топлата Австралија времето го поминува и со своите внуци Петар и Стефан.

