Пејачката Елена Велевска доживеала сообраќајна незгода во Прилеп, информира порталот „Шило магазин“.
Според информациите до кои дошле, таа била сопатник во возило марка „Мерцедес“.
Како причина за незгодата се наведува смрзнат коловоз.
За среќа, во сообраќајката нема повредени лица.

Причинета е само материјална штета.

