По мозочниот удар кој засекогаш му го промени животот, Жика Јакшиќ реши да направи целосен пресврт.
Домаќинот на шоуто „Никогаш не е доцна“ сега секој слободен миг го користи за здрави навики и, како што откриваат неговите најблиски, е крајно дисциплиниран.
Слободното време го поминува во теретана, каде со стручна помош од тренер работи на своето здравје и физичка сила.
Водителот неодамна сподели видеоснимка по еден од тренинзите во специјализирана сала, прилагодена за лица кои се опоравуваат по здравствени предизвици. На истата се гледа како вежба со асистенција и надзор од стручен персонал.
„Браво, тоа е вистинска волја“, „Жика се опоравува со неверојатна брзина“ и „Само напред“, се само дел од коментарите под видеото што му ги упатија фановите.

Жика отворено зборуваше за тоа што му помогнало да се избори со тешкиот период. Истакна дека стручноста на лекарите, безрезервната поддршка од семејството и пријателите, но и неговата внатрешна сила и желбата за живот биле клучни во процесот на закрепнување.
„Искрено, се чувствувам добро и бескрајно благодарно. Кога ќе поминеш низ вакво нешто, сфаќаш колку здравјето е драгоцено и колку малите, секојдневни работи всушност имаат најголема вредност. Денес повеќе го слушам своето тело и се трудам да живеам посмирено и посвесно“, кажа тој.

