Доајенот на македонската забавна музика, Томислав Маниќ, наполни 94 години.
Слика од прославата на роденденот објави неговиот син.
Со својот карактеристичен пријатен глас, Маниќ овековечи преку 500 песни во Радио Скопје, соработувајќи со најдобрите македонски автори, со што се вбројува меѓу нашите најпродуктивни пејачи.
Своевремено го сними евергринот „Кажи зошто ме остави“, а потоа „Индијана“ и „Жолта липа“ на Драган Ѓаконовски-Шпато, „Пролетно ветре“ на Александар Џамбазов, „Дај ми рака“ на Љубомир Бранѓолица“..
Сепак, негов заштитен знак е песната „Црвени рози за вас мадам“ на композиторот Димитар Масевски.


