Ретко ја гледаме во вакво издание: Водителката на Сител ги изненади гледачите

Јована Стојменовиќ е омилено телевизиско лице кај нас.

Поранешна убавица со титули веќе две децении е водителка на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител.

Ја знаеме како одмерена дама која ретко експериментира со изгледот, но сега направи неочекувана промена.

„Ретко носам собрана коса, па си реков ајде да се сликнам“, напиша таа под фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи.

Стојменовиќ ретко зборува за приватноста, но минатата година баш си ја отвори душата. Прво им призна на фановите дека конечно е среќна на љубовен план. Подоцна проговори и за болеста со која се соочува.

Следни Објави

(ФОТО) Jа отпеа легендарната „Црвени рози за вас мадам“, а сега наполни 94 години  

Доајенот на македонската забавна музика, Томислав Маниќ, наполни 94 години. Слика од прославата на роденденот објави неговиот син. Со својот карактеристичен пријатен глас, Маниќ овековечи преку 500 песни во Радио Скопје, соработувајќи со најдобрите македонски автори, со што се вбројува меѓу нашите најпродуктивни пејачи. Своевремено го сними евергринот „Кажи зошто […]