Тажна вест споделија од планинарскиот клуб „Македон“.
По кратко боледување почина нивниот истакнат член Даниел Деско.
Во објавата, меѓу другото, напишаа дека станува збор за човек кој ги сакаше и живееше планините, планинареше, трчаше, скијаше, леташе со параглајдери.
Велат дека безброј пати волонтирал и помагал за секакви активности не само во планинарскиот клуб „Македон“, туку и на целата задница.

„Веруваме дека Деско се вивна во височините и дека и таму продолжува скромно и достинствено како тука меѓу нас. Сочувство до најблиските“, напишаа неговите пријатели на социјалните мрежи.

