Александра Јанева го очекува нејзиното прво дете.
Македонската пејачка која дури двапати победи на „Макфест“ ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.
„Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка“, напиша таа под фотографиите на кои позира во блажена состојба покрај сопругот.

Јанева пред две години му кажа „ДА“ на својот долгогодишен партнер Иван Ангелов.

Ја побара за жена пред Ајфеловата кула, а таа гордо го покажа свршеничкиот прстен.

