По долго боледување, во Штип почина познатиот музичар и организатор на настани
Почина Божидар Симоновски, легендарен музичар и организатор на најдобрите концерти во Штип и Македонија, информира „ТВ стар“.
Симоновски некогаш беше член на многу популарната група „Македонија“, како гитарист, која одржуваше концерти низ цела поранешна Југославија и некогашниот Советски Сојуз.
Подоцна музичкиот живот го продолжи како стручен соработник во Домот на младите во Штип, каде работеше 40 години до пензионирањето.

Принтскрин ТВ Стар
Има организирано над 1000 концерти и снимено неколку стотини композиции.
Роден е во Штип во 1952 година.

