Жестока кавга меѓу Маја Поцевка и Златко Андовски: Еве што ја навреди водителката

Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убавина, возраст и општествени етикети прерасна во расправија меѓу Маја Поцевка и Златко Андовски. 

Кулминацијата се случи кога водителката Снеже Велков прочита прашање во контекст на тоа дали жената, кога ќе добие внука, го губи правото да биде убава.

По прочитаното прашање, Златко Андовски дофрли: „Мислиш Баба “, што предизвика остра реакција од Поцевка.

Таа објасни дека е горда што е баба на својата внука, но нагласи дека тој термин се однесува исклучиво на нејзината улога во семејството.

„За мојата внука сум баба, но за сите останати сум Маја“, истакна таа, додавајќи дека зборот не смее да се користи како етикета што ја поништува жената, нејзината убавина и идентитет.

Поцевка посочи дека се’ уште е млада по години и дека нема партнер, но дека тоа не значи дека е остарена или дека треба да ѝ се одземе правото да се чувствува и да биде убава.

Расправијата отвори поширока дебата – дали зборот „баба“ во јавниот говор сè почесто се користи со навредлива конотација и дали возраста автоматски ја брише вредноста на жената.

Следни Објави

Алачки не ја крие радоста: Се огласи Марина, поводот е голем

Горан Алачки ги собра најблиските во семејната куќа во Владимирово. Поводот беше голем, музичарот наполни 61 година. Неговата избраничка, поранешната водителка Марина Дојчиновска, се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи. „Среќен роденден, убав мој“, му напиша таа. Алачки во порака им се заблагодари на сите колеги и пријатели кои […]