Горан Алачки ги собра најблиските во семејната куќа во Владимирово.
Поводот беше голем, музичарот наполни 61 година.
Неговата избраничка, поранешната водителка Марина Дојчиновска, се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи.
„Среќен роденден, убав мој“, му напиша таа.

Алачки во порака им се заблагодари на сите колеги и пријатели кои го почестија со нивното присуство.
„Голема благодарност до сите што дојдовте, а посебно до луѓето кои свиреа и пееја до доцните часови: Горан Кукиќ, Драган Мијалковски, Благоја Грујовски, Смиља Митревска, Жаклина Узунова, Нино Величковски и група Штекица.. Ви благодарам“, напиша македонскиот маестро на хармоника.

